Историјата да ја оставиме на историчарите. Можеме да ја искористиме историјата на позитивен начин. Таа нѐ сплотува, нѐ спојува и низ нејзе можеме да градиме мостови на соработка и уште поголемо братство. Таа заедничка историја, ако ја правиме повеќе македонска, или повеќе бугарска, може да биде јаболко на раздор и да прави конфликти, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле на македонски јазик.

Премиерот Заев објави линк од целото интервју на својот фејсбук профил, но сподели и видео сегмент во кој нагласува дека историјата не е работа на политичарите.

-Имаме прекрасен Договор во кој полагам огромни надежи. Верувам дека можеме призмата на паметниот, европскиот пристап да ја искористиме позитивно, напоменува Заев.