ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги деградира здравствените работници и да ја злоупотребува несреќата на заболените од коронавирусот, се вели во реакцијата од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во врска со актуелната состојба со пандемијата.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обидуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните.
Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.
Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси на кои се подбива со несреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници.
Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму.
Центар за комуникации СДСМ