Само албанскиот јазик се користи од првиот вицепремиер на македонската влада и министер за политички систем Артан Груби на официјалната интернет-страница на македонското министерство што го раководи.
Сите информации поврзани со активностите на Груби, кој денеска е во посета на Косово, на оваа интернет-страница се објавуваат само на албански јазик. А целосното име на неговото министерство е – Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Порталот МКД објавува уште еден детаљ од комуникацијата на кабинетот на Груби. Официјалните известувања за Министерството за политички систем медиумите ги добиваат од мејл-адреса – First Deputy PM, или, во превод, „прв заменик премиер“. Инаку неговата официјална титула е заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
На интернет-страницата на Министерството за политички систем на македонски јазик е само логото од Министерството.