Носењето маска е најдобрата заштита од коронавирусот, подобра дури и од вакцината, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска за ТВ 24.

– Бројките на заразени и починати во светот растат, ова беше за очекување. На ова предупредувавме, ова не е за изненадување. Затоа она што се случува кај нас е слично со она што се случува во другите земји. Бројките се се уште многу високи. Според последните истражување, носењето маска е најдобрата заштита, подобра дури и од вакцината. Се зголеми бројот на тестирања. Подобро е да ги најдете заразените, а бројките на починати се загрижувачки, рече Шекеринска во Студио 10 на ТВ24.

Таа говореше и за вклучувањето на АРМ во битката против коронавирусот во Македонија.