Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, претежно од попладне со повремен локален дожд. На планините во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Во ноќните часови снег ќе провејува и на некои повисоки места особено на северот. Попладне ќе дува слаб североисточен ветер кој од вечерните часови и преку ноќта ќе започне да засилува.
Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 3, а дневната од 7 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со појава на повремен дожд. Од вечерните часови ќе започне да дува северен ветер кој преку ноќта ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до минус 5, а дневната ќе достигне до 8 степени.
Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.