Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца, на 27 ноември 2020 година, во селото Ботун, приведен е Т.Б.(50) од Штип.
Т.Б. е осомничен за извршена тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во с.Велгошти, охридско и во црквата „Св.Никола“ во с.Белчишта, општина Дебарца, од каде одзел пари, а биле пријавени во полициска станица претходниот ден, соопштија од МВР.
Против него, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава.