Македонската православна црква – Охридската архиепископија која е во канонска изолација и чие признавање е блокирано од страна на Српската православна црква, по 250 години наскоро ќе оживее, тврди украинскиот црковен експерт Дмитро Горјевој од невладината организација „Центар за верска безбедност“.
– Претседателот и премиерот на С. Македонија се обратија до Вселенскиот патријарх Вартоломеј и тој навестува дека е подготвен да ја реши кризата и да ѝ даде на Македонија автокефалност, објави Горјевој во порталот Плусинфо.
Тој додава дека „православието на територијата на современа Македонија се појави во првиот милениум, а веќе во Х век тука постоеше автокефалната Охридска архиепископија“.
Горјевој во порталот објави опширен текст за историјатот на Македонската православна црква и за спорот кој трае со децении со СПЦ.