На територијата на Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 162 мерки, од кои 18 за возење без возачка дозвола.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во Општина Аеродром изречени се 16 санкции за нерегистрирани возила, 14 за некористење на сигурносен појас, 26 за користење на мобилен телефон, шест мерки за неносење маска …
Засилените сообраќајни контроли, посочуваат, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.