Здравствените власти во Македонија планираа наскоро да го продолжат работното време на угостителските локали за три часа, ако епидемиолошката состојба остане како во моментот и ако нема ново влошување.
Тоа го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека се зависи оод тоа како ќе се развива ситуацијата.
Тој во утринското гостување во МТВ посочи дека угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот. На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките после празниците Филипче потенцираше:
Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите, истакна Филипче.