Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски е примен на Инфективната клиника откако на 3 јануари објави дека е позитивен на корона вирусот и остана дома во самоизолација.
Од Клиниката изјавиле дека Караџовски и неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.