Годинашниот карневал во Вевчани нема да се одржи поради пандемијата со Ковид-19, но креативноста на духовитите ја продолжува традицијата.

Вевчанската народна банка, како што може да се види и на фотографијата, емитува нова банкнота поточно вредносен ваучер од 6.000 безличници.

Познато е дека досега се емитуваа само личници, официјалната валута на Република Вевчани, а годинава за првпат и безличници.

Креацијата на банкнотата е на Седо Перо, а печатена е во тарапаната на Седи Мирен ДОО Вевчани.

(Д.Г.)