Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер на денешната прес-конференција изјави дека локалната власт бара од федералната влада на САД да ги одземе сите дозволи за различни протести и демонстрации во центарот на главниот град до 25 јануари.
– Го молам секретарот за внатрешни работи (Дејвид Бернхард) да ги одземе сите дозволи за јавни собири во Дисктиктот Колумбија и да не издава нови вакви дозволи меѓу 11 и 24 јануари.
Барањето се објаснува со фактот дека централниот булевар Вашингтон и спомениците и парковите лоцирани на него и во близина се под јурисдикција на федералните власти. И инаугурацијата на следниот претседател на САД, Џо Бајден, што е закажана за 20 јануари, ќе се одржи на скалите на Конгресот, што е на таа територија.
Баузер, исто така, истакна дека побарала од федералната влада да има секојдневни брифинзи за безбедносната состојба во Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден.
– Го замолив државниот обвинител да му наложи на Федералното биро за истраги да дава дневни брифинзи и проценки на заканите, посочи Баузер.