Вооружена група планира „голем бунт“ во Вашингтон, доколку Доналд Трамп биде отстранет со 25-от амандман, јавија американски медиуми.
На истражителите им било кажано дека ако „Конгресот се обиде да го отстрани со 25-от амандман, ќе се случи голем бунт“, се наведува во дневниот билтен на ФБИ, јави Еј-Би-Си Њуз.
ФБИ исто така добиле информација дека екстремистичките приврзаници на Трамп повикуваат и на „упад“ во зградите на државните, федералните и локалните власти пред инаугурацијата на Џо Бајден
– Вооружени протести се планираат во сите 50 државни главни градови од 16 јануари до најмалку 20 јануари, а на Капитол од 17 јануари до 20 јануари, се наведува во билтенот на ФБИ, јави телевизијата.