Нормално дека може и експретседателот на СДСМ, кој беше и поранешен претседател на државата да биде кандидат, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за Трилинг на ТВ 24.
Заев најави дека е можно „и фракцијата на Бранко Црвенковски“ да победи на конгресот на СДСМ, закажан за 21 март.
– Сите социјалдемократи ќе го бираат својот претседател, секој што сака да оди да гласа. Прво, треба само да се регистрираат дека ќе гласа и да гласа на тој датум. СДСМ на 21 март, на денот на пролетта ќе има непосредно гласање внатре во својата партија, рече Заев.
Тој додаде дека секој може да биде кандидат за претседател, што ги исполнува условите на правилникот и статутот.