Турски државјанин со привремен престој во с. Велебрдо Ростуше, синоќа во Скопје се обидел да спречи пајак-возило да го отстрани неговото неправилно паркирано возило, а при обидот за бегство со возилото удрил во полициски службеник, кој потоа успеал да го фати и лиши од слобода.
На 18.08.2018 година во 21.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, во моментот кога полициски службеник со специјално возило преземал мерки за отстранување на погрешно паркирани возила, едно непознато лице почнало да го влече вработениот во Пајак службата, а се обидело и да го удри.
Потоа, лицето влегло во патничко возило „мерцедес“, го стартувало возилото и удрило во полицискиот службеник, кој се здобил со телесни повреди, по што го запрело возилото, излегло и почнало да бега. Полицискиот службеник успеал да го фати и лиши од слобода. Во тој момент друго непознато лице го стартувало возилото и побегнало во непознат правец. Утврден бил идентитетот на лицето, се работи за Б. Х. (29) од Република Турција со привремен престој во с.Велебрдо- Ростуше.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.