Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум нови приеми на пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат девет пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти.

Вкупно 254 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.