Градењето сигурно општество за граѓаните и бескомпромисна борба против криминалот е приоритет на СДСМ, а резултатите на институциите, пред се на Министерството за внатрешни работи на дело ја покажуваат посветеноста за безбедност на граѓаните, за ред, правда и дисциплина, се вели во денешното соопштение од СДСМ.
Во продолжение го пренесуваме комплетното соопштение од владајечката партија:
Како резултат на интензивни и неселективни контроли на МВР бројот на сообраќајни несреќи со жртви во државата од 2017 година е во постојано опаѓање, за во 2020 година бројот на жртви во сообраќајот да падне на 125, што е најниска бројка во историјата.
Се преземаат и редовни, ефикасни акции за спречување на криминални и незаконски активности.
Последен пример за тоа е и акцијата за лоцирање и приведување на лицата креатори на групата „Јавна соба“, како и големата акција во Прилеп каде беше разбиена криминална група која се занимавала со продажба на дрога.
И претходната акција кога беше разоткриена група која незаконски издавала возачки дозволи, а каде беа уапсени и вработени во МВР, ја потврдува намерата да се расчисти и со незаконското работење на одредени полициски службеници и вработени во МВР.
Тоа влијае врз зголемување на довербата во полицијата, која денес е заштитник и сојузник на граѓаните.
Истовремено континуирано се инвестира и во унапредување на условите за работа на полицајците, се зголемуваат платите, а исплатена е и бонус плата за прекувремени часови сработени во 2020 година.
За три и пол години реновирани се над 46 полициски станици во државата, а за последните 4 месеци реконструирани се 5 објекти.
Во континуитет се набавуваат нови униформи и опрема за полицијата.
Сето ова позитивно влијае врз мотивираноста на полицајците.
СДСМ како одговорна партија е посветена на ефикасна, бескомпромисна и неселективна борба против криминалот и корупцијата на секое ниво, ред, правда и дисциплина, систем во кој сите се еднакви пред законот.
Центар за односи со јавноста на СДСМ