Предвремени парламентарни избори ќе има. Едната варијанта е да бидат есенва заедно со локалните, а другата да бидат следната пролет, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски. Во меѓувреме опозицијата работи на стабилно парламентарно мнозинство и уривање на владата. Пред неколку дена високи партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ брифираа дека имаат поддршка од 61 пратеник, а целта им била оваа бројка да биде зголемена за четворица. Опозицијата очекува барањата за предвремени парламентарни избори да се интензивираат по завршувањето на акцијата за собирање потписи за поништување на пописот на која очекуваат над 100 000 потписи.
„Голем дел пратеници кои се сега дел од владејачкото мнозинство кога ќе видат дека над 100 илјади луѓе застанале зад оваа иницијатива, а истите тие пратеници треба да излезат пред луѓето, ќе ја напуштат Владата и мислам дека процесот на завршување на собирање потписи, некаде за околу 21 ден, и процесот на рушење на власта ќе се поклопат“ ,изјави Александар Николоски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.
Заев пак неколку пати до сега изјавуваше дека предвремени парламентарни ќе нема. Социјалдемокртаите велат дека локанлните избори им сре во фокусот. Лидерот на СДСМ лично поддржува неколкумина од актуелните градоначалници да трчаат за втор мандат. Но вели дека анкетите и членството ќе кажат со кои кандидати ќе настапат на изборите во октомври.
„Поддршката за втор мандат на неколкумина градоначалници е лична, но СДСМ има тела и јасна процедура за избор на кандидите за градоначалници за Локалните избори, кои треба да се одржат наесен“, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Во меѓувреме власта и опозицијата прават обиди за усогласување на ставовите за евентуални измени на изборниот законик според кои бидсе одржале изборите. Неизвесно е дали ќе се поддржат барањата на опозиционерите локалните избори да се одржат во еден круг и дали ќе има праг и една или повеќе изборни единици за парламентарните избори .