Денеска сме тука во Неготино да дадеме поддршка на оваа акција за собирање на потписи за поништување на политичкиот Закон за попис кој што има за цел политички, а не статистички попис, истакна денеска во Неготино потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
-Би сакал да искоментирам дел од актуелните случувања во државата. Гледате дека за жал во Македонија владеењето на правото е на најниско ниво, имаме криминална банда на власт која што е во коалиција со одредени поранешни структури и гледаме дека ни приредија еден вистински циркус на Македонија во изминатите денови. Циркус во кој што видовме дека нема п од правна држава и дека нема воопшто владеење на правото туку дека има едни мафијашки карталски договори во кои што договори треба да се избегне системот на владеење на правото, па прво заеднички се договорија бегалецот од правдата да избега за после тоа да ги испреговараат неговите услови и да го вратат назад за да одглумат пред јавноста дека успеале да го вратат назад, а во суштина реагираа на она што се вика притисок од јавност и од опозицијата. Но, видовме повторно дека се работи за политички договор од причина што ниедна правна процедура не беше испочитувана од примање на решение до тоа дека видовме дека отиде дома, а не онаму каде што заслужуваат оние кои што се бегалци од правдата, потенцира Николоски.
Тој додава дека добивам многу повици и вчера вечер и ова утро од луѓе кои што ја имаат напуштено Македонија кои што ми велат ова е основната причина зошто ја напуштивме Македонија, а тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а за жал добивам и бројни повици и вчера вечер и утрово од луѓе кои што сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина, тоа е од причина што велат дека имаме криминална банда и криминална коалиција на власт.
-Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација која што е надвор од овие криминално-политички договори, која што не е извалкана и која што има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција која што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што и е местото, а тоа е во затвор. Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт многу брзо и предвремени парламентарни избори. Затоа ги повикувам сите граѓани на Македонија да не поддржат во оваа битка, да останат во Македонија и заеднички да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и да ја направиме место во која што ќе функционира правната држава, истакна Николоски.