Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски е позитивен на вирусот Ковид – 19.
– По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!. напиша на неговиот ФБ профил Мицкоски.