Со оперативна акција на МВР ја сузбиваме незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство, објави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Граѓаните можат да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.
Колку оваа акција на Спасовски служи за маркетинг, а колку ефект ќе има во реалниот живот, ќе почекаме да се дознае.