Мислам дека овие се некои настани кои произлегуват од дневна политика, нема нешто за истакнување, нема некои дијалози или слично за создавање некое партнерство за коалиција. Опозицијата како и секогаш има цел да ги кажат нивните забелешки бидејќи улогата на опозиција секаде е иста, да ја унапредат демократијата и да бидат дел од еден важен процес и нивна задача е да дадат несогласување со парламентарното мнозинството, рече Ахмети одговорајќи на новинарско прашање за изјавата на премиерот Зоран Заев за заедничка власт и Влада со опозицијата.
Според него, работите меѓу владините партнери одат добро.
-Има комуникација, има соработка и добра соработка, а позитивните работи се во смисла на актуелните барања за што сме многу ангажирани, како што е владеењето на правото, завршување на преговорите со бугарската страна. Ако имаме позитивни одговори од европската заедница, кои се земат со нивните анализи за унапрдување на аспирациите на нашата држава кон Европската Унија. Се надевам и верувам дека наскоро ќе се најде едно решение и со бугарската страна во контекстот што побргу да се започнат преговорите за членството на нашата земја во Европската Унија, посочи Ахмети.