Поранешни војници со наполнети 45 години обвинуваат дека се изманипулирани од страна на Министерството за одбрана, и дека иако им било ветено прераспределување во други институции со повисока плата и бенефиции, тие, како што тврдат, останале на недостоинствени позиции со минимална плата.
Поранешен војник Петко Марковски, со наполнети 45 години денеска изјави дека минатата година, во јануари, им било ветено од страна на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и секретарот Драган Николиќ дека ќе бидат прераспределени во пожарна, затворска, судска полиција или други институции со повисока плата и бенефиции, но тоа не се случило.
-Излажани сме и изманипулирани ние постарите војници од генерација ’75 година. Ни дадовте епитетот дека дека претходниот прес беше политички. Да ве потсетиме истите луѓе протестиравме и кога бевте во опозиција. Министерке, ние знаеме дека има слободни места во сите градови за да се реши нашиот статус, но, на наши места се вработуваат други лица, додека ние војнциите постануваме извисени, рече Марковски.
Тој посочи дека доколку не се реши во најбрзо време нивниот статус, ќе бидат приморани да продолжат со протест.
-Дали министерке по партиски клуч се вработуваат дел од луѓето како цивилни лица во АРМ и на други позиции. И покрај се што ни беше понудено да прифатиме од наша страна, останавме на минимална плата и на недостоинствени работни места. Ако вие не го решите нашиот проблемот во најкус рок ние ќе бидеме приморени да продолжиме со протест се до наше решавање, изјави Марковски.