Раководството на Манчестер јунајтед го поддржа тренерот Жозе Мурињо и најави дека нема да има промени на оваа позиција во клубот.
По неубедливиот старт на новата сезона во Премиер лигата, португалскиот стручњак мораше да разговара со челниците на клубот и со играчите.
Тимот на Мурињо особено беше критикуван по поразот од Брајтон во второто коло, а во меѓувреме во дел од медиумите се појавија гласини дека тој би можел да биде заменет со Зинедин Зидан.
– Зошто да разговараме за Зидан, кога за него тука нема работа, изјави Мурињо по консултациите.
Пред почетокот на сезоната Мурињо според англиските обложувалници имаше најголеми шанси прв да добие отказ во Премиер лигата.