Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека во последните 24 часа регистрирани се 11 смртни случаи од Ковид 19: 4 пациенти од Скопје, по 2 од Прилеп и Крушево и по еден од Штип, Битола и Охрид.
Регистрирани се и 316 нови случаи на позитивни на САРС КОВ 2 од 1 562 тестови пто е 20 отсто од тестираните, процент кој е невообичаен за недела бидејќи во изминатиот период во недела процентот беше околу 10 отсто позитивни од тестираните или под 10 отсто.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 164, Куманово – 16, Прилеп – 34, Тетово – 12, Гостивар – 10, Штип – 6, Кавадарци – 13, Велес – 8, Охрид – 9, Струмица 5, Струга – 5, Кочани – 5, Кичево – 1, Неготино – 13, Гевгелија – 7, Свети Николе – 1, Крива Паланка – 1, Делчево – 1, Радовиш – 1, Виница – 2 и Богданци – 2.
ИЈЗ регистрира и 681 излекуван пациент: Скопје – 271, Куманово – 23, Прилеп – 42, Тетово – 24, Гостивар-10, Штип – 13, Кавадарци – 85, Велес – 22, Битола – 10, Охрид – 31, Струмица – 10, Кочани-2, Кичево 5, Неготино – 28, Гевгелија – 14, Свети Николе – 4, Крива Паланка – 11, Ресен – 1, Дебар – 2, Делчево – 17, Радовиш – 3, Берово – 2, Виница – 1, Валандово – 12, Крушево – 4, Богданци – 7, Кратово – 3, Демир Хисар – 4, Демир Капија – 1 и Македонски Брод – 1.
Бројот на активни случаи во цела држава во моментов изнесува 8 863. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 107 479 случаи со ковид-19. Вкупниот број на починати е 3 206, а на излекувани 95 410.