Владата започна постапка за повлекување на втората транша од 80 милиони евра од ЕУ за поддршка за ковид-мерките.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата на седница синоќа ја разгледа и усвоииИнформацијата во врска со барањето на Министерството за финансии сите надлежни институции во најкраток можен рок да го пополнат Извештајот со статус на реализација на економски мерки за справување со кризата од КОВИД-19 од сите пакет мерки за 2020 година и да го испратат до Министерството за финансии најдоцна до 22 март 2021 година.
Врз основа на овој извештај Министерството за финансии ќе достави информација до ЕУ со цел повлекување на втората транша од 80 милиони евра од Макрофинансиска помош на Македонија од Европската унија за буџетска поддршка за мерките за справување со социо-економските последици од кризата.