ПАНОВ: Царовска може да го укине и „Сердарот“ заради качачките банди!

/ 23.03.2021

Професор доктор Никола Панов еден од авторите на учебникот по Географија кој беше повлечен од министерството за образование, вечерва во Алфа телевизија, во „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски, истакна дека по укинување на учебникот по географија царовска сега може да го укине и Сердарот заради историските факти и качачките банди кои пљачкосувале низ Македонија, што е историски факт.

Професорот Панов направи споредба со укинување на неговиот учебник по национална географија заради податоци кои постојат во него дека на некого му сметаа, со „Сердарот“ на Григор Прличев затоа што и неговите пишувања се за качачките банди кои ја пљачкосувале Македонија, што е историски факт.

Сега може Царовска да го укине и Сердарот затоа што е пишуван за качаците или да излезе некој друг и да каже Сердарот не важи и нема да биде изучуван во македонската литература, иако има добиено ловоров венец како награда, вели Панов.


Од истата категорија