Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ вчеравечер учествуваше во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022 против Словенија (0:1).

Триесет и петгодишниот играч за врска и член на Реал Мадрид го одигра својот 134-ти натпревар за националниот тим и се проби на врвот во историјата на репрезентацијата,  израмнувајќи се со поранешниот играч Дарио Срна.

На сметка на Модриќ се 16 голови за Хрватска, а своето деби за „коцкестите“ го имаше во 2006 година.

Следниот натпревар на Хрватска е на 27 март на домашен терен со Кипар.