Над 13.000 Албанци добија државјанство на Македонија додека ние сме на власт, објави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на Зоран Заев.

Груби, кој е партиски функционер и во ДУИ, на Фејсбук се пофали со голем број државјанства што ги добиле Албанци додека оваа партија е на власт.

– Досега, над 13.000 Албанци граѓани на С. Македонија добија државјанство, додека вкупно се во постапка само 2.674 апликации, вклучително и сите други заедници, објави Груби.

Оваа негова објава следува како одговор на предложениот закон за државјанство од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Груби во својот пост истакна дека, ако има и само едно единствено лице без државјанство кое ги исполнува условите, ќе добие државјанство.