Агенцијата за електронски комуникации (AEK), со 133 вработени, лани си ги зголемила платите и во просек земаат бруто плата од 1.463 евра, според податоците од Годишниот извештај за работењето на овој регулатор во телекомуникациите.

Во 2020 година во време на пандемија и економска криза во државата, како што објави Фактор, кога илјадници рабтници останаа без своите работни места, на вработените во АЕК им биле зголемени платите за 5 отсто, одлука која почнала да се применува уште во 2019 година.

АЕК неодамна на својата интернет страница го објави Годишниот извештај за работењето и го достави на усвојување и до Собранието.

-Вкупната реализирана вредност на синтетичкото конто вкалкулирани плати 143.558.431 денари (2,33 милиони евра – н.з.) и се однесува за пресметани и исплатени нето плати, согласно Правилникот за плати и надоместоци на вработените во АЕК, за пресметани и исплатени придонеси за ПИО, здравство, за придонеси за професионално заболување, вработување, персонален данок на доход. Оваа реализација е 87,96 отсто во однос на финансискиот план за 2020 година, и има зголемување за 5,94 отсто во однос на 2019 година, а истото се одразува на законското зголемување од 5 отсто, реализирано во 2019 година, стои во Годишниот финансиски извештај на АЕК.