Јован Вукотиќ шеф на познатиот Шкаљарски клан е едниот од двајцата големи балкански нарко босови кои добиле македонски пасоши од МВР, брифира ВМРО-ДПМНЕ, а пренесува Курир.
Вистинските македонски документи Вукотиќ ги добил на име Георги Андонов.
Второто лице е Седат Пекер турски државјанин кој неодамна беше протеран од Македонија, а претходно се сликал со високи државни функционери. Пекер кого го гони и Турција, во Македонија бил Џадин Амедовски.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ објави афера Мафија според која МВР со знаење на премиерот издавала пасоши на сомнителни ликови од балканското подземје, пренесува порталот.