Зоран Заев истакна дека на денешната владина седница се донесени дополнители мерки против Ковид-19, бидејќи податоците покажале дека британскиот сој во земјава зема замав.
-Во пресрет на затоплувањето и претстојните празници, а со цел одморање на здравствените работници моравме да донесеме нови мерки. Бројот на новозараени расте. Бројот на починати расте. Ова е најголемото оптоварување на здравствениот систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога треба да ги пресретниме новите влошувања, рече Заев.
Новите мерки се:
-Забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наутро, почнувајќи од утре до 20 април. Целосна забрана за посетителе на сите угостителски објекти, а продажбата на храна да се одвива со нарачки до дома или надвор од угоститилескиот објект почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителските објекти на аеродромите, но и оние во мотелите. Целосна забрана за посетители во обложувалниците, кои ќе работат преку шалтер. Од утре целосна забрана и на фитнес клубовите, се забрануваат и семинарите, работилници, рече Заев.