Оливер Спасовски е целосно одлепен од реалноста.
Оливер Спасовски заборава дека тој е веќе пет години, министер, технички министер или пак премиер во државава.
Вечерва од Спасовски граѓаните имаа можност да слушнат еден куп лаги и лажни фалби.
Спасовски се пофали со намалување на бројката на сообраќајни прекршоци и тоа во период кога државата се наоѓа во полициски час. И мало дете знае дека тој период сите граѓани се дома.
Го гледаме Спасовски како 90% од времето го искористи зборувајќи за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски или пак Наќе Чулев.
Спасовски наместо да одговори директно на прашањата поврзани со аферата „Мафија, тој нервозно се правда и ја обвинува опозицијата.
Сите му се виновни, само тој и Зоран Заев се непогрешливи. А, заборави да одговори како 215 светски криминалци извадиле пасоши во време на неговото министерување, се шетале низ државава додека многу земји ги барале со потерница.
Спасовски не одговори како тоа тој се сликал со дел од криминалците, и како тоа Седат Пекер во Скопје имал полициска придружба.
Спасовски не одговори како тоа во време кога тој е министер на МВР, Фитим Дема, терористот од ИСИС добива македонски пасош.
А, кога странски служби ќе дојдат во државата, не е чин на соработка, туку неспособност на Спасовски се справи со криминал. Спасовски не може да се справи со криминалот, бидејќи тој со Заев Македонија ја претворија во Колумбија, земја на мафија и дрога.
Спасовски е чуварот на мафијата, ниту еднаш во текот на интервјуто не проговори како тоа началник на прилепска полициска станица е фатен со дрога, а е близок до СДСМ.
Заборава Спасовски дека „Транспаренси Интернешнл“ ја смести државава на 111-то место по криминал и корупција, а според „Економист“ Македонија се најде во групата на земји со хибриден режим.
Спасовски со неговиот шеф Заев се најодговорни за тоа што Македонија давала закрила на криминалот, мафијата и тероризмот, бидејќи документите кои ги издавале во постапка на МВР со злоупотреба на матични броеви, имиња и идентитети на наши македонски граѓани.
Со Спасовски не е нарушен само угледот на нашата земја, не е само уништен безбедносниот систем во државата, туку е загрозен и безбедносниот систем на многу други земји.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ