Регистрирани се позитивни движена во економијата во првото тримесечје од годинава, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Во објавата додава дека буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4 отсто е растот на вкупните приходи, а 5 отсто е растот на даночните приходи и придонесите во однос на истиот период лани.
-Наплатата на даноците е за 6,2 отсто повисока во однос на истиот период минатата година, од кои:–ДДВ е повисоко за дури 11,4 отсто во однос на првото тримесечје од 2020;–Данокот на добивка е на ниво повисоко за 5 отсто;–Увозните давачки се повисоки за 10,4 отсто;–Персоналниот данок на доход е со раст од 0,8 отсто;– Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3 отсто, стои во објавата на Заев.