Никој не е виновен додека не му се докаже вината, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за приведувањето на Драги Рашковски.

Заев и денеска истакна оти се било законски, но како што рече може да бил и пристрасен, бидејќи Рашковски бил генерален секретар во неговата Влада, поради што надлежните институции ќе го истражат случајот.

-Уште еднаш се потврдува дека нема недопирливи. Законот важи еднакво за сите, но не треба да се заборави и дека и никој не е виновен додека не му се докаже вината. Запознаен сум со самиот случај и јас немам дилема. Јавната набавка е спроведена согласно законот за Влада, согласно деловникот за влада. Ова е утврдено како потреба. Спроведена е постапката согласно законот, по тоа што јас го видов. Немаме софтвер на Рашковски таму. Тој креирал и патентирал систем, кој бил направен од ФИНКИ и фирма, која победила на тендер, истакна Заев.