Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина, вели проф. д-р Нико Беќаровски, во реакцијата за денешното појавување на пратеници со скафандери во македонското Собрание.
– Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина. Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, коментира Беќаровски во објавата на неговиот профил на Фејсбук.
Денеска, како што објавивме, власта правеше циркус во Собранието, носејќи на гласање заразени пратеници со коронавирус и во силната пропаганда тоа го претстави како чин на грижа за граѓаните.
Со тоа дава лош пример како да се однесуваат граѓаните на кои им го ограничува движењето.