Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена, а попладне повремено значителна облачност. Во текот на ноќта во Скопската Котлина ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено попладне. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 23 степени Целзиусови.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од средината на седмицата. Локални врнежи од дожд се очекуваат во текот на ноќта и рано наутро во вторник, како и во среда преку денот, кога врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.