Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која штотуку мораше да најави повлекување од апртиксата функција за д ане се бламира откако стана извесно дека Заев ќе ја избрка од раководството на СДСМ, денеска одговарајќи на новинарско прашање што правел еден министер за одбрана во домашна атмосфера со Боки 13 и Катица Јанева, потенцира оти процесот трае и сите информации што се битни за јавноста новинарите ги добиват, но станува смешно, подвлече, обидот да се политизира дополнително случајот.
– Случајот што го отворате покажа колку нашата држава се променила. Новинарите поставуваат дури и нелогични прашања, но никој не ги критикува за тоа. Медиумите можат да критикуваат и многу ретко одлучуваат тоа да не го прават. Она што е најважно, никој не е над законот – изјави Шекеринска по посетата на армискиот полигон „Криволак“.
Според неа, како држава сме покажале дека промените се возможни.
– Денеска во власта никој не може да штити никого ако правдата дојде по своето и тоа е голем комплимент не само за соодветните институции, туку пред сѐ, за граѓаните, кои тешко се изборија за оваа крупна промена – изјави Шекеринска.