Бојко Борисов на својот Фејсбук се осврна на годишнината од смртта на Гоце Делчев, кој за него е бугарски револуционер и македонски војвода.
„Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одрин. Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република … Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како, час поскоро, да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина“, пишува Борисов.