Оваа приказна за љубовната несреќа на принцот Чарлс е објавена во документарниот филм “The Royal House of Windsor”.

Љубовниот живот на принцот Чарлс главно се одвиваше пред јавноста, па неговиот брак со Лејди Ди со години беше главна тема на светските медиуми, а нивните среќни, но и драматични и тешки моменти беа изложени јавно.

Една интересна работа во врска со емотивниот живот на престолонаследникот останува добро скриена со години.

Пред да започне да и ’се додворува на Дијана Спенсер, Чарлс и понудил брак на една жена, но бил одбиен! Станува збор за околу девет години помладата Аманда Кнехбул, која дури била и негова далечна братучетка, а монархијата ја сметала за совршена кандидатка за брак. Сепак, Аманда не била заинтересирана за овој брак.

Оваа приказна за љубовниот неуспех на принцот Чарлс беше објавена во документарниот филм „Кралската куќа на Виндзор“ на Канал 4.

Во документарецот се вели и дека дедото на Аманда, лорд Маунтбатен, инаку прадедо на Чарлс, исто така инсистирал на оваа врска. Маунтбатен тајно работел со години за да ја направи Аманда идна кралица, објаснето е во документарниот филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👑 (@royalsaddicted)

Синот на кралицата Елизабета Втора ја запросил својата далечна братучетка во 1977 година за време на празнично патување на Карибите … Иако се чинело дека нивното заедништво е судено, таа рекла не. Информирани извори тврдат дека Аманда и Чарлс биле многу блиски, но и дека нивната врска била повеќе како брат-сестра.

Набргу откако пропаднал обидот на принцот да влезе во брачните води, тој започнал да и ’се додворува на Лејди Дајана Спенсер, за која на крајот се ожени во 1981 година. Во 1987 година, Аманда се омажи за романсиерот Чарлс Винсент Елингворт, со кого има три деца.