Ако сакаме зелена енергија, ќе се покачува и цената на струјата, изјави премиерот Зоран Заев во денешното гостување во „Утрински брифинг“.

– Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и струјата. Развиваме програми во кои ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола и РЕК Осломеј, рече Заев.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.