Државниот врв денеска присуствуваше на воената вежба Одлучен удар 2021 на македонскиот полигон Криволак.
Фотографии од учеството на политичарите на воената вежба објавија Владата, Собранието и други државни институции.
– „Одлучен удар 21“ е доказ дека „Заедно сме посилни“. На „Криволак“ во присуство на највисокиот политичко – воен врв на С. Македонија и високи гости од САД и сојузниците, беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“, каде беa презентирани офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од Армиите на С. Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф-16 од вооружените сили на Грција. Премиерот Зоран Заев истакна дека е горд на припадниците на Армијата, на нашите офицери и војници за покажаната желба за усовршување и унапредување. Со членството во НАТО не сме повеќе сами. Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ниту ставена под прашалник, ниту изолирана од светот, се вели во објавата на официјалниот профил на Владата на Фејсбук.
Фотографии за спомен од вежбата објавија и собранискиот спикер Талат Џафери, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други.