Најмалку 540 луѓе се наоѓаат во карантин во главниот град на Норвешка, Осло, откако се појавило жариште на инфекција поради традиционалната прослава на матуранти, кои се возат со автобуси и пијат.
Јорун Тавлов, задолжена за следење на инфекциите во западниот дел на Осло, изјави за локалните медиуми дека повеќето од случаите од новиот кластер се поврзани со пет автобуси, а меѓу заразените се ученици од речиси сите средни училишта во тој дел од градот, каде живеат речиси 700.000 луѓе.
Прославите кои на норвешки јазик се нарекуваат „руско славење“ е голем културен настан кој се организира низ скандинавските земји.
Учесниците најчесто носат униформи во црвена или сина боја и соодветни шапки. Некои купуваат половни возила, како што се автобуси, комбиња или автомобили, по кои цртаат и се возат со нив. Пијанството и нарушувањето на јавниот ред и мир се составен дел од прославата.