Четири години СДСМ, четири години неуспеси. Од ветените 5 отсто раст на БДП секоја година добивме 0.7% за четири години, и промашен даночен систем што ја зголеми сиромаштијата.
Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Соопштението го пренесуваме во целост:
По четири години никаде го нема најавениот клинички центар. Од готов проект оставен од ВМРО-ДПМНЕ кој требаше да ги чини граѓаните 120 милиони евра, сакаат со 30 страници студија да прават клинички за кој бараат половина милијарда евра. Ист таков клинички центар се гради во Белград , со исти перформанси и чини 125 милиони евра. Ова е грабеж на векот.
За време на КОВИД кризата власта не одвои ни секунда за да им помогне на уметниците и културните работници. Додека земјите од Европа и соседството направија строги протоколи и ги отворија кината и театрите за да се крене националниот дух и има културно возвишување во една ваква тешка ситуација, Стефкоска и Заев ги затворија.
Земјоделците не се воопшто на агендата на СДСМ. Откако ги осиромашија земјоделците, тргнаа да ја продаваат земјата. СДСМ планира во првите три години со годишните програми кој што сакаат да ги донесат, да продадат 50.000 хектари најквалитетно земјоделско земјиште. Народот ќе го остават и без пари и без земја.
Образованието е девастирано. Се укинуваат учебниците, а се нуди некаков проект кој само треба да извлече над 120 милиони евра пари од буџетот. Дигитални учебници какви што ги замислува Царовска ќе предизвикаат дискриминација кај децата.
Заев 4 години не направи ништо и за пензионерите тие останаа без своите покачување кои ќе ги имаа доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Македонија стагнира и инфраструктурно. Додека во регионот има ултра модерни возови, со СДСМ на власт македонските возови секој ден се палат и ги продаваат Македонски железници. Четири години нема никаков напредок на пругата Куманово – Бугарска граница.
СДСМ 4 години не направи ништо ниту за спортот. По доаѓањето на власт ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде посебно внимание на спортот. Еден денар од нафтени деривати ќе оди во посебен фонд од 13 до 15 милиони евра и тој ќе се користи за промоција на млади таленти, за одржување на постоечка спортска инфраструктура, како и за нова спортска инфраструктура.
СДСМ 4 години ја опустоши државата, го покраде народот, и живее само елитата на власт, а народот преживува. 4 години власт на Заев, 4 години украден живот. Доста е!