Почна посетата на заменик министерот за надворешни работи на Грција Костас Власис во Бугарија. Тој присуствуваше на Божествената литургија во капелата Свети Ѓорѓи во амбасадата на Грција во Бугарија.
Дописникот на МИА од Софија известува дека литургијата била отслужена во согласност со сите мерки против ширењето на Ковид-19. Заменик министерот за надворешни работи на Грција Костас Власис одржа состанок со грчки професори кои предаваат на катедрите на грчки јазик на универзитетите во Бугарија.
Според објавата на Фејсбук на Власис, „тие прават важни напори да го зачуваат и промовираат грчкиот јазик и грчкото Министерство за надворешни работи ќе ги поддржи нивните напори помагајќи да се решат проблемите во нивната работа, за што детално разговаравме“.
Пред неколку денови, за весникот „Труд“ Власис рече дека Грција би сакала Бугарија и Северна Македонија да ги надминат разликите.