Лаги и манипулации веќе не поминуваат кај граѓаните. Залудни се обидите од Бихаќка да го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во денешното соопштение од опозициската партија во врска со соопштението од СДСМ.
-Наместо да се служат од Бихаќка со оцрнување, нека излезе Зоран Заев и нека одговори на граѓаните што тајно преговара со официјална Софија. Граѓаните многу добро знаат што говореше Зоран Заев и по што ќе остане запаметен. Личните изјави на Зоран Заев и навредите упатени кон македонскиот народ не се забораваат: „Ќе соберам на купче и шуто и рогато, после ќе им е** мамата и на шарените и на цела коалиција“; „Живи луѓе има да јадеме после доаѓањето на власт“; „Еб*му името, еб*му“.-„Еб*м ти таков народ“; „Евро кај Вицето, директ, се знае, кеш во менувачница“; „Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име“. Кукавичлукот на Заев не се сокрива со лажни соопштенија. Време е Заев да излезе и да обелодени што договорил тајно со официјална Софија. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!- се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.