Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен при неговата прва посета на Германија, денеска треба да се сретне со канцеларката Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас.

Планирано е Блинкен да присуствува на конференција за либискиот конфликт во Берлин, на која исто така Русија, Египет, Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе имаат свои претставници.

В четвртокот, Мас и Блинкен планираат да потпишат договор за споменик на убиените Евреи во Европа за поблиска соработка меѓу двете земји за сеќавање на холокаустот.

Средбата Меркел – Мас ќе се фокусира на нов почеток во односите меѓу САД и Германија, откако истите беа нарушени за мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп.