Британското Министерство за одбрана ги демантираше тврдењата на руската Влада дека во Црно море биле истрелани предупредувачки истрели врз брод-разурнувач на британската кралска морнарица, јавуваат француските медиуми.
„Врз HMS „Defender“ не биле истрелани предупредувачки истрели. Бродот на Кралската морнарица изведувал мирно преминување низ украинските територијални води во согласност со меѓународното право”, соопшти британското министерство.
Министерството за одбрана на Обединетото кралство смета дека руските сили спроведувале вежбовни гаѓања во Црно море.