Пасоши, регистарски таблички и лични карти нема, освен за блиските на власта. Владата на Заев не ја извршува ниту основната функција на државата, а тоа е пружање на услуги за издавање на лични документи и други материјали на граѓаните.
Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Веќе цел месец има застој во издавањето на лични документи. Владата дојде до тоа дереџе да го продолжува рокот на важење на веќе изминати пасоши затоа што не е способна да направи нови. Но граѓаните се соочуваат и со внатрешен проблем. Голем број на граѓани не можат да извадат лични документи затоа што МВР на Спасовски се неспосбни, а институциите или банките не им ги признаваат личните документи со истечен рок. Кој ќе им ја надомести штетата на тие граѓани што не можат да функционираат во правниот промет? Повеќе од месец дена има застој во издавањето на пасоши и лични карти, се вели во соопштението.
И затоа, се додава во истото, мора да има одговорност.
-И додека народот чека и губи и време и пари затоа што не може да учествува во правниот промет во државата, блиските до Заев доаѓаат до пасоши и до лични карти. Цел месец нема ниту регистарски таблички. Граѓаните кои купиле ново возило и треба да заминат во странство не можат да го сторат тоа ако не се блиски со Заев и СДСМ за да добијат таблици. Време е да ставиме крај за граѓаните од прв и втор ред, Македонија за сите луѓе!- се вели во реакцијата.