Триесет и четиригодишна пациентка со Даунов синдром е последната која оздравена го напушти ковид центарот „Осми септември“, кој по цели 14 месеци битка за спас на живот повеќе, деновиве остана празен.

ГОБ „8 Септември“ лани беше главен ковид центар во кој се третираа најсериозните состојби на КОВИД 19. Од почетокот на пандемијата, тука се прегледани над 24000 граѓани суспектни или позитивни на коронавирусот.

Од прегледаните, во болница завршиле 3250, а околу 83 % од нив здрави си заминале дома. Најмладиот пациент што ја победи битката против вирусот токму во оваа болница е 22 годишна пациентка. Директорот Д-р Христијан Костов вели дека медицинскиот тим успеал да спаси и стотина пациенти кои биле во мошне критична состојба на ципап маска, па горд на својот тим вели дека првите три месеци од годинава биле најтешки во последната година ипол.

Д-р Костов на есен не очекува реприза на минатите бранови, но повикува на имунизација, оти со две дози вакцина не се завршува со компликации во болница.